Холандскиот министер за правда поднесе оставка поради скандал од 2001
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Холандскиот министер за правда Ард Ван Дер Стеур поднесе оставка поради случај од 2001 година во врска со плаќање надомест на осуден трговец со дрога.
Неговото заминување се смета како голем удар за владата на премиерот Марк Руте. Централно-десничарска партија (VVD), чии член е Ван Дер Стеур, заостанува во анкетите пред парламентраните избори во март, пренесува британски BBC.
Ван Дер Стеур е третиот член на владат на Руте кој поднесе оставка поради скандалот. Поранешниот министер за правда Иво Опстелтен и неговиот заменик Фред Теевен поднесоа оставки во 2015 година поради доставување неточни информации до парламентот во врска со скандалот од 2001 година.
Аферата се однесува на договор помеѓу обвинители и шверцерот на дрога Цес Хелман во вредност од 2 милиони евра. Ван Дер Стеур беше критикуван за неговата улога и за дадените одговори во парламентот во врска со случајот.
Тој негираше дека советувал да не се пренесуваат некои информации од договорот. Премиерот Руте исто така се најде под оган на опозициксите политичари. Партијата на слободата, предводена од анти-имиграциониот политичар Герт Вилдерс, води во истражувањата на јавното мислење.
Извор: Макфакс