Холандскиот суд забрани книга за злосторствата во Сребреница | Правдико

Правдико

   

Холандскиот суд забрани книга за злосторствата во Сребреница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Плоча-у-СребренициХоландскиот суд во Хаг му забрани на авторот Едвин Гилтау да врши дистрибуција и продажба на својата книга “Dedoofpotgeneraal”, како и на сите можни промотивни активности, а во која се пишува за искуствата на холандскиот баталјон во Сребреница.

Авторот ги обвинува поранешните припадници на воената разузнавачка служба на холандската (МИС) како најодговорна за скандалот во Министерството за одбрана во Хаг.

Книгата е веќе една година во продажба, и холандските медиуми се запрепастени за забраната во земја која ја промовира слободата. Исто така се наведува дека на авторот на книгата не му било дадена можност да ја каже својата одбрана.

Книгата, кој има добиено одлична рецензија од поранешниот министер Јан Пронк, како главна тема го опишува конфликтот помеѓу две страни во Министерството за одбрана на Холандија во периодот кога се вршеа злосторствата во Сребреница, и за тоа како се барало да се уништат фотографии каде се забележани злосторства и егзекуции.

Поранешниот холандски генерал Ван Баал, според Гилтау, сакал да ги задржи тие фотографии што подалеку од очите на јавноста.

Препорачуваме

Партнери на Правдико