Хомосексуалците во Швајцарија конечно ќе може да даруваат крв | Правдико

Правдико

   

Хомосексуалците во Швајцарија конечно ќе може да даруваат крв

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Швајцарските власти најавија дека ќе ја укинат забраната долга 40 години со која на бисексуалците и хомосексуалците не им беше дозволено да даруваат крв. Исклучок ќе бидат крвни донации од личности кои во текот на претходната година имале сексуални односи.

Швајцарија од дарителите бара дванаесет месечна сексуална апстиненција, по примерот на Велика Британија и Франција, земји кои забраната ја воведоа по откривањето на ХИВ во раните осумдесетти години на минатиот век.

Измената беше донесена по предлог на одделот на швајцарскиот „Црвен крст“.

Забраната во Швајцарија за дарување крв кај мажите беше воведена уште во 1977 година, уште пред откривањето на ХИВ, и важеше за оние кои имале сексуални односи со други мажи.

Во соопштението на „Свисмедика“ се наведува дека околу половина од новите случаи на зараза со ХИВ се пренесуваат преку сексуален контакт меѓу мажи.

Но, за примателите на крв нема да биде зголемена опасноста при трансфузија на крвта, објаснуваат лекарите. „Свисмедика“ ги повикува хомосексуалците и бисексуалците дарители на искрени одговори во задолжителниот прашалник при дарување на крв.

Шефот на швајцарскиот оддел на „Црвениот крст“, со задоволство изјави дека станува зор за „прва промена на едно дискриминирачко право“.

Упати повик и до други европски држави, да донесат нови правила за дарување на крв. Притоа не би смеело да се прави разлика за сексуалната ориентација на донаторот, ниту да се обесхрабруваат оние кои се одлучиле на овој хуман чин.

„Свисмедика“ новите правила ќе почне да ги применува од 1 јули.

Извор: Новатв

Препорачуваме

Партнери на Правдико