Хоспитализирани кадети од КПД Идризово | Правдико

Правдико

   

Хоспитализирани кадети од КПД Идризово

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тројца слушатели на основната обука за полицајци во КПД Идризово, утрово завршиле на Клиничкиот центар во Скопје откако претходно се пожалиле на тегоби во стомакот.

„Околу осум часот на неколку слушатели кои се на обука во КПЗ Идризово им се слошило. Во меѓувреме, уште неколку лица се пожалиле на тегови и повикана е Итна медицинска помош“, информираат за Макфакс од МВР.

Од Итната медицинска помош, нè информираа дека од 22 кадети кои се пожалиле на влошена здравствена состојба, само кај тројца од нив е констатирано акутно труење од храна и моментално се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико