Хоспитализирани се вкупно 113 пациенти, од нив 14 се на респиратори | Правдико

Правдико

   

Хоспитализирани се вкупно 113 пациенти, од нив 14 се на респиратори

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На Инфективната клиника во Скопје денеска биле примени нови 3 пациенти, со што бројката на хоспитализирани е 68, од кои осум се на механичка вентилација, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Во болницата „8 Септември“ хоспитализирани се вкупно 31 пациенти, од кои на респираторна машина се шест пациенти, додека пак во битолската болница, хоспитализирани се пет пациенти кои се во стабилна здравствена состојба. Во Штип хоспитализирани се вкупно девет пациенти позитивни на коронавирусот.

Со ова, вкупната бројка на хоспитализирани изнесува 113, од кои 14 се во потешка состојба и дишат на респираторна машина.

Досега, како што информираше Филипче, во државата се извршени 8552 тестирања за Ковид-19.

Претходно, Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале четворица пациенти – 79-годишна пациентка од Скопје, пациент од Велес на 58-годишна возраст, пациент од Прилеп на 67 години и уште еден 63-годишен пациент од Скопје.

Во Штип се регистрирани тројца оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста биле лекувани во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица.

Филипче рече дека се распределува и заштитната опрема, односно донацијата од Чешка од каде беа испратени 1 милион маски ќе бидат дистрибуирани во сите установи, согласно интензитетот на нивното трошење.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико