Ховит побара од ЕП нова позитивна Резолуција за Македонија | Правдико

Правдико

   

Ховит побара од ЕП нова позитивна Резолуција за Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
g_hovit-500Република Македонија без одложување да ги почне преговорите за членство во Европската унија, оти не е само загрозен кредибилитетот на Брисел, туку и на Обединетите нации чија преговарачка рамка за решение на проблемот со името не дава резултат.
Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, пред малку на дебата во Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) при Европскиот парламент го побара известувачот за нашата земја, британскиот европратнеик Ричард Ховит, во рамки на својата предлог-Резолуција што ЕП ќе треба да ја усвои во февруари идната година.
За разлика од лани, годинава на првото претставување на предлог-Резолуцијата за Македонија не опонираше ниту еден грчки европратеник, но затоа бугарските претставници во европскиот законодавен дом продолжија со анти-македонската тирада.
„Кажав две клучни поенти, што ги поддржа и известувачот во сенка на Европските народни партии (ЕПП), Едвард Кукан, а тоа е дека ние не сакаме да видиме лизгање наназад. Сите знаат дека настаните од минатиот декември и тешкотите годинава беа предизвик за земјата, но не сакаме пристапниот процес да биде ставен назад, поготово каде беше земјата во декември 2012 година“, вели Ховит во изјава за МИА.
Британскиот европратеник изрази загриженост за кридибилитетот кој недостасува во пристапниот процес на Европската унија, но годинава тој оди чекор понатаму и вели дека „под знак прашање е и кредибилитетот на рамката за преговори на Обединетите нации за решавање на проблемот со името со чекање толку долго да се најде прифатливо решение“.
Според Ховит, има силен критицизам како во земјата се справуваат со пристапувањето кон ЕУ, но дека има две иновации пред Европарламентот претставени годинава, при што една е Македонија да добие статус на земја со функционирачка пазарна економија.
„Тоа ќе оправда дека има економски прогрес и ќе даде силен сигнал дека постои прогрес во земјата. Второ, во однос на колку тешко социјално-политички економски последици ќе има земјата со непридвижувањето напред во евроинтеграциите, тие кои ја блокираат земјата, дали се во Брисел, дали во некоја друга земја или се опозицијата во земјата, треба да ја разберат вистинската цена од неуспехот да се придвижат напред и сакам тоа да биде запишано“, додава Ховит.
Британецот во Европарламентот е дециден дека „преговорите за членство треба да започнат, да се одреди датум, а не само да почне скрининг-процесот и за тоа три години се бори“.
Според Ховит, тој не гледа каков друг прогрес би бил постигнат ако нема датум од Советот, иако потенцира дкеа скринингот треба да почне и по тоа да се отворат бенчмарковите за земјата да решава поглавје по поглавје со Унијата.
„Затоа јас силно и јасно, не во однос на загриженост за земјата, велам дека Македонија заслужува преговорите да почнат и тоа е мојата порака до Советот. Не сум потценет, се надевам ќе продолжам да имам позитивно влијание во земјата и верувам дека влијанието на ЕП прави разлика во Брисел и длабоките дискусии со земјите-членки, како што бев во Атина пред една недела, дискутирав со нив, но не коментирам што разговаравме. Верувам дека влијание на ЕП може потенцијално да ја скрши оваа закоченост“, додава Ховит.
Инаку, на самата дебата во Комисијата за надворешни работи на Европарламентот, како што спомена Ховит, Словакот Едвард Кукан целосно ја поддржа предлог-Резолуијата во име на најбројанта група ЕПП.
Чарлс Тенок од европските конзервативци, посочи дека по средбите со претставниците на македонската Влада тој ги почувствувал фрустрациите на македонска Влада за блокадите и желбата за отворање на преговорите, за што според него се загубени десет години.
„Грција постојано блокира поради името БЈРМ. Двете главни партии во Македонија постигнаа мир и продолжија со легитимната политика базирана на национален консензус за македонскиот евро-атлантски пат и за ЕУ и НАТО. Ја поздравувам пораката Советот да изврши притисок на Грција и Македонија да најдат заеднички прифатливо решение за името за двете страни, име што ќе ги задоволи сите страни, а че пројде на референдум во Македонија“, порача Тенок.
Пред да се случи нападот на бугарските европратеници Евгени Кирилов и Станимир Илчев, Хрватот Давор Иво Штиер ја поздрави првата точка од предлог-Резолуцијата со која се повиквуа Советот конечно да одреди датум за отворање на преговори со Македонија и останатите точки во овој извештај, како борбата против корупцијата, потребата за поцврсто владеење на правото, отворање на прашањето за медиумски слободи и побара точка за заштита на странските инвестиции и транспарнентост во тоа, поготово на јавните конкурси.
„Не се согласувам со Ховит единствено во член 23 да се коментира како е донесен македонски закон за прекин на бременоста оти тоа не го правевме со другите земји и не е надлежност на Европарламентот. Како и да е, сите овие точки нема да бидат толку во фокусот ако Македонија не ги почне преговорите и првата точка е најглавна Советот да ја прекине блокадата на Грција кон Македонија и да почнат пристпаните рпеговори“. посочи Штиер.
Бугаринот Кирилов, најпрво порача дека реакциите на македонската Влада на сите европски извештаи биле дека проблем за напредувањето во евроинтеграциите е само поради прашањето за иметои дека оттаму за ништо не се виновни. Тој вели дека е потребен посилен критицизам, оти според него актуелната Влада во Скопје води националистичка агенда, потенцирајќи ги спомениците во центарот на главнио градворамки на проектот „Скопје 2014“.
„Тие споменици се дел од античка историја на Грција, модерна историја на Бугарија и се ова се прави на сила, а продолжува и да се судат лица кои се изјаснуваат како Бугари во земјата. Исто така, макеоднската страна не сака да се договори со Бугарија за договор за добрососедство, симулира дијалог во однос на заедничко одбележување на историски настани, личности од историјат, при што нашата позиција еконструктивна, но македонската страна одбива“, посочи Кирилов.
Според бугарксиот европратеник, дури и 30 пати Еп да ја повтори препораката за почеток на пристапните преговори, македонската Влада немала желба за компромис и дека промовира антибугарски чувства. “Имаат право да билдаат нов имиџ на нацијата, но зошто на антибугарска база и тоа проблем за нашите граѓани оти гледаме дека Владите во Бугарија се менуваат но оваа позиција наспроти Македонија останува”, потенцира Кирилов.
Неговиот сонародник од таботор на либералите, Илчев додаде дека во иднина, освен Бугарија и Грција, Македонија ќе се соочи со проблеми си со Србија и Албанијаво однос на отворени прашања. Тој вели дека Србите имаат проблем со Македонија во однос на православната црква, Албанците со историјата, Грците со името и Бугарите со историјата.
Ова е поради тоа што се справуваме со млада нација и многу млада земја креирана како нација и земја во август 1944 година. Во Македонија треба да бидат рационални, да не ги провоцираат соседите и дури и да почнат преговорите за члеснтво, како да бидеме сигурни дека ќе ги исполнат барањата од поглавјата ако не ги исполнат единствените барања од параграфите инкорпорирани во претходните Резолуции, како заедничка прослава на заеднички историски денови – посочи Илчев, според кого неодамна макеоднските власти спречиле бугарско-албанска прослава на Охридско-дебарското востание во Македонија.
Нему му возврати егрманскиот европратеник од групата „Пријатели на Макеоднија“, Бернард Поселт, според кого треба да престанат дебатите дали ид а се утврди дека Македонија направила огромен прогрес во евроинтеграциите, посебно дека во однос на закон за заштита на правата на малцинствата, според него, земјата е најдобра на Западниот Балкан.
„Нема причина зошто преговорите за членство да не зпаочнат и ако Советот одлучи да не почнат преговорите во декември, а да почнат со Србија, ова ќе ја засили импресијата на Балканот дека ЕУ не е Унија базирана на вредности, туку прави работи на арбитререн начин и некој кој е блокиран може да му се оттргне мислењето. Опасна порака праќаме во Македонија. Треба критериуми, но подобро се исполнети во Македонија отколку во другите земји на Западен Балкан. Ова е скандалозно и многу сум загрижен за дестабилизирачкиот ефект што таква одлука ќе го има во регионот“, посочи Поселт.
Германскиот европратеник потенцира дека ЕУ и НАТО носат арбитрерна одлука во однос на Македонија, потенцирајќи дека прашање од историјата (како со Бугарија) не треба да се реши со арбитрирање, потенцирајќи го случајот со Чешка, која според него исто така градела споменици на луѓе кои убивале Германци, меѓу кои и неговите прародители, но дека тоа прашање се решило билатерално.
На крајот од дебатата, известувачот Ховит истакна дека идејата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе годинава да почнат преговорите, а името да се решава во нивната рана фаза е поддржана и дека треба истата да се прифати од Советот. Тој побара пред се од бугарските европратеници да не поднесуваат диспропорционални амадмани како лани, кога имаше 103 амадмани на Резолуцијата за Македонија.

Извор: Нетпрес

Препорачуваме

Партнери на Правдико