ХРВ: Кинеските власти треба да ослободат 38 приведени правници и активисти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Хјуман рајтс воч (ХРВ) во четвртокот побара од кинеските власти да ослободат 38 правници и активисти поврзани со Beijing Fengrui Law Firm, кои се чуваат под специјален надзор од јули.
Овој специјален надзор дозволува правно отсечен притвор во самица, на тајни локации за период до шест месеци. Повикувајќи се на фактот дека на 9 јануари ќе изминат шест месеци, ХРВ изјави дека властите во Кина треба да ги ослободат приведените како што се наведува во законот.
Софи Ричардсон, директор на Хјуман рајтс воч во Кина , рече дека „тајното притворање на десетици адвокати прави пародија од тврдењата на претседателот Кси Јинпинг дека Кина е управувана со владеењето на правото … неуспехот да се ослободат сите 38 притвореници за време на шестмесечниот законски рок ќе го уништите кредибилитетот што владата го има за почитување на сопствените закони.“