ХРВ: Затворениците во Турција тепани, сексуално малтретирани и мачени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Организацијата „Хјуман рајтс воч“ соопшти дека поседува сè повеќе докази за малтретирање притвореници во Турција, каде што сè повеќе се распространети мачењата и малтретирањата.
„Сега кога се зголемува бројот на докази дека во Турција се враќа мачењето во полициските простории, владата треба итно да нареди да се прекине со тоа“, изјави директорот на одделението на „Хјуман рајтс воч“ за Европа и Централна Азија, Хју Вилијамс.
Лицата што се гонат за тероризам или врски со неуспешниот пуч во јули во 2016 година биле мачени и во полицискиот притвор, навела организацијата во извештајот со име „Во притвор – полициско мачење и киднапирање во Турција“.
„Хјуман рајтс воч“ се потпира на веродостојни докази за 11 случаи на малтретирање и се наведува дека полицајци претепувале или им се заканувале на затворениците, ги соблекувале голи и во некои случаеви сексуално ги малтретирале..
Лицата што се најизложени на ризикот да бидат мачени се оние што се обвинети за врски со неуспешниот пуч или со Работничката партија на Курдистан (ПКК), која турските власти и нивните западни сојузници ги означуваат како терористи.
Извор: Макфакс