Хрватите имаат просечна нето плата од 684 евра | Правдико

Правдико

   

Хрватите имаат просечна нето плата од 684 евра

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Просечната нето плата во Хрватска во вториот квартал од оваа година изнесувала 5.268 куни (684 евра), што е за два отсто помалку во однос на претходното тримесечје.

12846646-f4d1-4cb2-9b64-9eb6d951cd8b-euros

Во однос на истиот период лани, просечната плата не се менувала, но ако на платите се додадат вообичаените месечни бонуси, тогаш таа достигнува 5.454 куни и е за еден отсто е помала од платите со бонуси во претходниот квартал, објави порталот „Мој посао“.

Најголеми плати во Хрватска гледано по дејности, имаат работниците во секторот за технологија и развој кои имаат 75 отсто повисоки примања од просекот, потоа во областа на телекомуникациите со 35 отсто и информатичката технологија 28 отсто. Менаџментот во сите дејности има нето плата поголема за 95 отсто од просекот.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико