Хрватска ги простува долговите на најсиромашните граѓани | Правдико

Правдико

   

Хрватска ги простува долговите на најсиромашните граѓани

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хрватската влада од понеделник ќе започне со бришење на долговите на 60.000 хрватски граѓани. Властите во оваа држава се надеваат дека ваквата одлука би имала позитивен ефект врз хрватската економија.

327985_hrvatska--europaeu_f

Иако станува збор за нешто помалку од 1% од вкупниот долг, сепак долгорочните ефекти би требало да имаат позитивен ефект, според  Russia Today.

Одлуката за бришење на долговите е донесена на 15 јануари, а стапува во сила на 2 февруари, кога кандидатите за бришење на долговите би започнале да ги предаваат своите барања. Во предвид ќе бидат земени само барањата на оние граѓани кои немаат заштедено никакви пари ниту пак имаат некаква своја сопственост. Исто така, кандидатите не смеат да бидат должни на државата повеќе од 4.500 евра, а нивниот месечен приход не смее да биде повисоко од 122 евра.

На овој начин, Хрватската влада предвидува дека ќе бидат отпишани 27 милиони евра кои се долг спрема државните банки, компанииите, градските и општинските управи.

Ова е прв пат една хрватска влада ваков голем проблем да се обиде да го реши на овој начин, а заради тоа сме доста горди, кажа хрватскиот премиер Зоран Миланович.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико