Правдико

   

Хрватска го усвои „Лекс Агрокор“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хрватскиот Сабор во петокот го изгласа законот за вонредна управа во трговските друштва од системско значење за државата, кои се соочени со потешкотии во работењето. Законот е познат како „Лекс Агрокор“, а за негово донесување гласаа 83 пратеници, додека 46 беа против, а двајца воздржани, пренесуваат хрватските медиуми.

Законот овозможува постапка на вонредна управа во компаниите кои имаат повеќе од милијардаевра долг и над пет илјади вработени. Постапката може да биде покрената од страна или на сопственикот на компанијата или од доверителите, со согласност на сопственикот, а доверителите ги именува државата. Вонредната управа може да трае најмногу 15 месеци, а доколку постапката за стабилизација и реструктурирање не успее, тогаш компанијата би влегла во стечај.

До изработката на законот дојде по избивањето на големата криза во Агрокор поради предзадолженост, но од хрватската влада тврдат дека неговата цел не е заштита на сопственикот на Агрокор Ивица Тодориќ, туку на хрватската економија.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во петокот повторил дека целта на владата е заштита на интересите на хрватската економија и сите нејзини учесници. Тој додал дека во случајот со Агрокор целта е заштита на работниците, добавувачите и оние кои зависат од нив, доверителите и самата компанија, така што би се реструктурирала и би се обезбедила нова ликвидност.

Пленковиќ нагласил дека владата би била задоволна кога актерите на кризата во Агрокор би се договориле за решение без примена на законот, но дека доколку не успеат во тоа тогаш владата е подготвена да даде свој придонес. Законот не беше поддржан одстрана на најголемите опозициски партии, Социјалдемократската партија и Хрватската народна партија, а една од клучние примедби беше на сметка на усвоениот амандман на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), со кој како што тврди опозицијата, им се овозможува на банките да наплатат на штета на државата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико