Хрватска излегува од договорот за арбитража со Словенија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ изјави дека неговата земја излегува од договорот за арбитража со Словенија за границата во Пиранскиот залив.
-Хрватска не може да остане во договорот за арбитража. Постапката е контаминирана. Хрватска излегува од договорот според прецизни правила на меѓународното право. Тоа е процедура која ја спроведува Владата и министерството за надворешни работи. Од Собранието бараме согласност за да излеземе од овој договор, изјави Миловановиќ.
Скандалот околу договорт за арбитража меѓу Хрватска и Словенија за границата во Пиранскиот залив изби во средата, откако хрватските медиуми објавија транскрипт и аудио запис кои покажуваат како словенечкиот член на арбитражниот суд Јернеј Соколец и Симона Дреник, словенечки дипломат, договараат изнесување аргументи и лобирање кај другите судии во Постојаниот суд за арбитража во Хаг за постапката околу границата меѓу Словенија и Хрватска. Словенија смета дека и припаѓа целиот залив.
Извор: Телма