Хрватска ја доби првата Претседателка во историјата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кандидатот на опозиционата конзервативната Храватска демократска заедница (ХДЗ) Колинда Грабар Китаровиќ победи во исклучително тесната трка од вториот круг на претседателските избори.
Според прелиминарните официјални резултати, како што јави Ројтерс, при пребројани 97,8 отсто од гласовите Грабар Китаровиќ освоила 50,54 проценти, додека нејзиниот против кандидат Јосиповиќ 49,46 проценти.
Со тесна разлика од неполн процент пред противкандидатот Иво Јосиповиќ, Колинда Грабар Китаровиќ вечерва е избрана за прва Претседателка во историјата на Хрватска.
Во победничкиот говор пред своите симпатизери и членови, Грабар Китаровиќ вечерва даде три ветувања.
– Прво, ќе почнеме да работиме за нашата Хрватска. Второ, да се обединиме, без поделби. Хрватска може и ќе биде подобро. Ние ќе го направиме тоа. Трето, ќе ја имплеменитирам програмата. Од раст и развој, социјалната стабилност и пристоен живот во Хрватска, Ние ќе им подадеме рака на сите на кои им е потребна. Ќе имаме национална политика за заштита. Како врховен командант на вооружените сили да ви гарантирам дека тоа ќе биде така – рече претседателката Грабар.
– Нулта толеранција за корупцијата. ХДЗ под Карамарко ќе ја исчисти корупцијата- рече Китаровиќ.
– Надворешната политика ќе биде силна. Ќе се позиционираме во НАТО и ЕУ како што заслужуваме, – рече Китаровиќ, по што ги повика соседите на дијалог за решавање на отворените прашања.
– Заедно можеме да направиме чуда. Ајде да го правиме тоа за сите заедно да имаме подобар живот во Хрватска. Јас ќе бидам со вас и ќе ве замолам да ми помогнете. Единствено со што може да се повлече за Хрватска да излезе од кризата. Заедно можеме да направиме многу подобро – рече на крајот првата хрватска претседателка.
Досегашниот Претседател Иво Јосиповиќ го призна поразот и и честиташе на новата Шефица на државата.
– Доволете ми да и честитам на изборната победа на новоизбраната претседателка г-ѓа Колинда Грабар Китаровиќ, изјави вечерва досегашниот хрватски претседател и кандидат на владејачката лева коалиција Иво Јосиповиќ пред призвраниците во изборниот штаб.
Тој им се заблагодари на сите кои му пружале поддршка во изминативе шест години, како и на граѓаните кои гласале за него.
Кандидатот на опозиционата конзервативната Храватска демократска заедница (ХДЗ) Колинда Грабар Китаровиќ победи во исклучително тесната трка од вториот круг на претседателските избори.
Според прелиминарните официјални резултати, како што јави Ројтерс, при пребројани 97,8 отсто од гласовите Грабар Китаровиќ освоила 50,54 проценти, додека нејзиниот против кандидат Јосиповиќ 49,46 проценти.
Според агенцијата успехот на изборите на опозициониот кандидат се должи на зголеменото незадоволство на граѓаните од економската криза во земјата.
Извор: Спектра ТВ