Хрватска: Кривични пријави за тројца српски државјани осомничени за воени злосторства
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Хрватската полиција поднесе кривична пријава против тројца српски државјани, под сомневање дека извршиле воени злосторства врз цивили и воени затвореници во областа на Лички Осик и Широкa кула од август до октомври во 1991 година.
Обвиненијата беа поднесени од Обвинителството во Риека, а се осомничени за убиство на 17 цивили и еден припадник на хрватската армија, пренесува Бета.
Во соопштението, полицијата наведува дека главниот осомничен и второпријавениот од 21 август до 21 октомври, 1991 во областа на Лички Осик и Широка Кула, како команданти на српската паравоена единица наречена. Теслинград наредиле киднапирање и затворање на цивилите во Лички Осик.
Цивилите таму се психички и физички малтретирани, а на 13 октомври и убиени од огнено оружје. Нивните тела биле фрлени во јама во областа на градот Љубово.
Третиот осомничен како командант на т.н.. Единица за специјални намени не го спречи затворањето и убиствата на цивилите.