Хрватска на чекор до легализација на канабисот за медицински цели | Правдико

Правдико

   

Хрватска на чекор до легализација на канабисот за медицински цели

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

marihuana-medicinal-960x623Дилеми во Хрватска, повеќе нема: канабисот ги олеснува непријатностите на пациентите со мултиплекс склероза, рак, ХИВ.

Овој заклучок го донесе работна група после осум месеци на жестока дебата. Сепак, пресуден беше случајот на Хуанита Луксетич, кој боледува од мултиплекс склероза, а беше уапсен за одгледување марихуана, која, како што тврди, ја користел за лечење.

Претседателот на Комисијата за примена на индискиот коноп во медицината Огњен Брборовиќ вели дека ова доведе до една парадоксална ситуација: на сите во Хрватска, им беше јасно дека многу пациенти користат канабис, но сите замижаа пред тој факт.

“Од друга страна, тешки болесници завршија по затворите. Ние не можеме да замижеме , да ги затвориме ниту пак да ги ослободиме, бидејќи во овој случај тоа е сосема легално”, вели д-р Брборович.

Иако употребата на канабис за повеќето сериозни заболувања е јавна тајна, работната група, дури и по седум месеци од своето постоење, не донесе никакви заклучок.

“До сега имаше само две средби, за жал, можеби требаше и повеќе, и да се излезе во јавноста со предлог – Позитивен или негативен.

Многумина се плашат од злоупотреба, но злоупотреба има кога нешто е легализирано”, вели член на работната група за легализација на канабисот за медицински цели, Предраг Николиќ.

И додека во Србија чекаат легализација, сериозно болните набавуваат масло од канабис на црниот пазар. Една доза чини 200 до 250 евра. Претставници на здружението “Лекализација” проценуваат дека пациентите кои користат канабис оставаат милиони евра годишно во сивата зона.

“Тоа значи дека милиони евра ќе се одливаат од Србија кон Хрватска, секој ден, секој месец, и сигурно е поблиска дестинацијата отколку од Холандија, каде што досега го купувале”, вели Антони Ковачевиќ претставник на Здружението “Лекализација”.

Некои коментари во хрватската јавност – дека канабисот е политизиран и дека легализацијата е во пресрет на изборите, пациентите не ги интересира. За нив, легализација ќе значи поевтино и полесно достапна , која може да се купи само на рецепт, а чие производство и трговија ќе бидат строго контролирани.

Препорачуваме

Партнери на Правдико