Хрватска: Напад на наставник или лекар ќе се смета како напад врз службено лице
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Според измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кој хрватската влада ги испрати во собраниска процедура, правната заштита се проширува и на здравствените работници, учителите и наставниците, според кои сите закани и напади врз нив во иднина ќе се гонат по службена должност.
Министерот за правда, Орсат Миленич истакна дека во законот не е вклучена одредба со која би се гонеле по службена должност и напаѓачите на адвокатите, но најавува дека можно е таквата заштита да се прошири и на таа професијата, но тоа прашање ќе се разгледува за време на парламентарната дебата.
Ваква заштита на адвокатите имаа повеќе пати побарано од Хрватската адвокатска комора, особено после немилиот настан и убиството на адвокатот Влатко Видакович во понеделникот.
Министерот исто така, рече дека во Кривичниот законик се враќаат кривичните дела за малтретирање и насилство и најави дека за неколку месеци ќе предложи Закон за заштита од семејно насилство.
Според предложените измени нема да има застареност за кривичните дела како тешки убиства, тероризам и убиство на лица под меѓународна заштита.
Во согласност со европските стандарди, се предвидува кривично гонење и оние кои се подготвуваат да учествуваат во терористички акции.
Извор:Блиц