Хрватска одобри зголемување на минималната плата | Правдико

Правдико

   

Хрватска одобри зголемување на минималната плата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Минималната плата за 2016 година ќе изнесува 408,7 € бруто, што претставува зголемување од речиси 12 евра во споредба со оваа година.

vlada_hrvatska_0

Хрватската влада денес усвои регулатива за минимална плата која за 2016 година ќе изнесува 3,120 куни бруто (408,7 €), што претставува зголемување од 90.45 куни (околу 12 евра) во однос на оваа година.

Со зголемување на минималната плата за речиси три проценти, се зголемува и нејзиниот удел во просечната бруто плата исплатена во правните лица од јануари до септември оваа година на 38,8 проценти.

При утврдувањето на предлогот на минималната плата за 2016 година беа земени предвид фактот дека во последните два квартали од годината Хрватска забележа закрепнување на економски трендови, рече министерот за труд и пензиски систем Мирандо Мршиќ.

Препорачуваме

Партнери на Правдико