Хрватска подготвена да ја отстрани блокадата за Србија, двете страни постигнаа договор за поглавјето 26
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Хрватска е подготвена да се откаже од своите резерви во однос на отворањето на поглавјето 26 во преговорите помеѓу Србија и ЕУ, откако во петокот во Белград беше решено прашањето за учебниците за хрватското национално малцинство, изјавил хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Давор Иво Штиер.
„Српскиот министер за образование во петокот во Белград со претставниците на хрватскиот национален совет и Заводот за учебници потпиша анекс договор со кој се регулира прашањето за учебниците, не само за нивното преведување од српски на хрватски и од кирилица на латиница, туку во него ќе има и посебни додатоци, односно содржина за хрватското малцинство“, рекол Штиер.
Шефот на хрватската дипломатија ја поздравил таквата одлука и додал дека „ова е добар ден за хрватското малцинство во Србија“. Хрватска на меѓувладината конференција во Брисел на 13-ти декември не се откажа од своите грижи во поглед на отворањето на поглавјето 26, кое се однесува на образование и култура бидејќи Србија, како што потенцираше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, не ги исполнила своите обврски кон хрватското малцинство.
Српските претставници потоа упатија жестоки критики кон хрватските власти, но официјален Загреб од почетокот тврдеше дека се работи за непотребно драматизирање на прашањето и дека Србија може ова лесно да го реши.
Извор: Макфакс