Правдико

   

Хрватска полиција пронајде 156 килограми марихуана во морето

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хрватската полиција пронајде 156 килограми марихуана во морето во близина на градот Оребич и кај островите Корчула и Мљет. Марихуаната била спакувана во пакети, а полицијата ја пронашла откако добила дојава од граѓани. Се претпоставува дека шверцерите се обиделе да ја пренесат дрогата од Албанија или Црна Гора во Италија.

„Станува збор за вообичаена морска маршрута на шверцери и кога доаѓа до хаварија на нивните бродови, морето на нашиот брег исфрла пакети со дрога. Во тек е истрага за да се утврди кој е сопственикот на марихуаната“, соопшти полицијата.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико