Хрватска се подготвува за воведување на еврото | Правдико

Правдико

   

Хрватска се подготвува за воведување на еврото

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Народна банка на Хрватска подготви стратегија за воведување на еврото, која содржи анализа во корист на можните ризици од влегување во еврозоната, а ќе се објави на крајот на овој месец, пишуваат хрватските медиуми.

Евростратегијата ќе послужи како темелен документ за јавна расправа за воведување на еврото, која ќе ја отвори премиерот Андреј Пленковиќ.

Пленковиќ изјави дека се залага за воведување на еврото, по што би следувало официјално барање за влегување на Хрватска во Европскиот механизам на девизен курс (ЕРМ2).

Последен пат одлука за влегување на некоја земја во ЕРМ2 беше донесена во 2005 година и тоа за Словачка.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико