Правдико

   

Хрватска: Тодориќ може истражниот затвор да го замени со гаранција од милион евра

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Загреб донесе одлука дека поранешниот сопственик на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, може истражниот затвор да го замени со гаранција од еден милион евра (7,5 милиони куни).

„Судскиот совет ја преиначи одлуката на истражниот судија и тоа во однос на делот што се однесува на гаранциите. Советот смета дека и со гаранција, со соодветни мерки за претпазливост, може да се постигне иста цел како и со истражниот затвор“, изјави портпаролот на судот, Крешимир Девчиќ.

Тој појасни дека покрај уплатата на милион евра на сметката на судот, за да го избегне истражниот затвор, на Тодориќ му се изречени и мерки на претпазливост, како забрана за напуштање на Загреб, а одземен му е и пасошот.

Поранешниот сопственик на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, против кого е поведена истрага поради стекнување материјална корист, беше екстрадиран во Хрватска. Екстрадицијата се случи една година по апсењето во Лондон, каде што замина по избивањето на аферата „Агрокор“.

Тодориќ замина во Лондон тврдејќи дека е изложен на политички прогон од хрватските власти.
Истрагата против Тодориќ беше поведена минатата година поради сомневање дека од „Агрокор“ извлекол повеќе од милијарда куни.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико