Хрватска воведува и неработен четврток за фирмите во криза | Правдико

Правдико

   

Хрватска воведува и неработен четврток за фирмите во криза

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хрватската Влада денеска изгласа предлог-закон за зачувување на работните места, со кои покрај досегашната можност за четиридневна работна недела (неработен петок) се отвора можноста и за неработен четворток за фирмите кои имаат проблеми, јави Хрватската радио телевизија.

14072012124927ghrvatska

Министерот за труд и пензиски систем Мирандо Мрсиќ истакна дека со предлог-законот годинава ќе се спасат 2.000 работни места. Тој наведе дека предлогот има поддршка од социјалните партнери, а од буџетот се обезбедени пет милиони куни (660.000 евра) за примена на Законот.

Законот ќе важи за работодавачите кои имаат финансиски проблеми и кои ќе достават програма за зачувување на работните места и ги платиле сите даноци и осигурувањето на вработените. Пропорционално на скратеното работно време, работодавачаот ќе исплаќа помали плати, но не помали од минималната загарантирана плата во Хрватска. Разликата во платите ќе ја преземе државата.

Досега фирмите во Хрватска можеа да воведат неработен петок, а вработените добиваа државна компензација за скратеното работно време. Ново во предлог-законот е тоа што државните субвенции за зачувување на работните места ќе можат да се користат една година, наместо шест месеци како што беше досега.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико