Хрватска враќа 200 мигранти во Србија | Правдико

Правдико

   

Хрватска враќа 200 мигранти во Србија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Австрија и Словенија го ограничија влезот на бегалците на 2500 дневно и ги примаат само оние од областите зафатени со војна.

begalci-hrvatska

Хрватска испрати дополнителни војници и гранична полиција за подобрена контрола на границата со Србија, откако од Словенија доби известување за последниот потег на Австрија да ги заостри критериумите за прифаќање на бегалците.

Минатиот викенд во Словенија се вратени 200 мигранти, кои Хрватска  ќе ги испрати во Србија. Тие во моментов се сместени во прифатните центри за странци, потврди хрватското Министерство за внатрешни работи.

Исто така, се наведува дека генералниот директор на полицијата Доминик Владо ангажирал дополнителна бројка од единицата за брзи интервенции и граничната полиција за да се зголеми контролата на границата со Србија.

Хрватското Министерството за внатрешни работи потврди дека информациите за построгите критериуми за бегалци, направени од страна на Австрија, споделени се и со полицијата во Србија и Македонија.

Препорачуваме

Партнери на Правдико