Хрватската нема да ја применува одлуката на Арбитражниот суд
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека нема да ја примени пресудата на Арбитражниот суд во Хаг со која на Словенија и припаднаа три четвртини од Пиранскиот залив.
Со одлуката на Арбитражниот суд на Словенија и е овозможен слободен пристап до меѓународните води на Јадранот преку коридор во хрватските територијални води.
Пленковиќ рече дека Хрватска пред две години излегла од арбитражниот процес, бидејќи е компромитиран со противзаконски дејства до страна на Словенија, поточно прислушкување разговори.
„Дијалогот за отворените прашања со Словенија продолжува“, изјави Пленковиќ, најавувајќи дека за тоа со претставниците на словенечките власти ќе се разговара следната среда, на 12 јули во Љубљана.
Извор: Макфакс