Хрватската полиција уапси Срби, криумчареле мигранти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Хрватската полиција уапси двајца Срби за криумчарење пакистански мигранти во два автомобили.
Сплитско-далматинската полиција соопшти дека полицијата при контрола на возила сопрела автомобил со српски регистерски таблички од марката „алфа ромео“ што го возел 33-годишен маж, зад кој на седиштата седеле тројца странски државјани, за кои било утврдено дека се Пакистанци на старост од 19, 26 и 30-годишна возраст.
Кратко потоа полицијата сопрела и автомобил „форд фокус“ управуван од 34-годишен државјанин на Србија, на чиешто задно седиште биле затечени двајца Пакистанци на возраст од 16 и 42 години.
Против српските возачи поднесени се пријави за незаконски влез, движење и престој во Хрватска, а на петорицата Пакистанци во согласност со законот издадени им се решенија за протерување и забрана за влез во Хрватска и ЕУ, во времетраење од две години.
Извор: Макфакс