Хрватскиот крал на крадците има 700 кривични пријави | Правдико

Правдико

   

Хрватскиот крал на крадците има 700 кривични пријави

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Маријан Пухало е хрватски крал на крадците – тој има зад себе 700 кривични пријави и од својата 15-та година е чест гостин на затворите. Приказната за 57-годишниот Хрват повторно се најде на насловните страници на медиумите во регионот, откако полицијата го фати за последната кражба – се обидел сред бел ден да одземе вредна опрема од канцелариите на редакцијата на „Канал Ри“ во Риека. Фатен е само неколку месеци откако излегол од затвор.

 

„Тој дојде од затвор дома на 7 март. Не издржа ниту четири месеци, а да не украде нешто. Дали е ова нормално за вас?”, коментираат сестрата и мајката на неславниот рекордер по кражби.

Според зборовите на членовите на неговото семејство, тој 42 години поминал по затвори, а почнал да краде како малолетник. На почетокот на март го напуштил затвор откако отслужил 15 години затвор, поради повеќе кривични дела. Зад решетки повторно завршил во саботата, поради кражба на вредната опрема од „Каналот Ри“ во Риека.

„Никогаш порано не сме имале таков случај. Значи, човекот лежерно влегол во редакцијата сред пладне во 10:35 часот.Во просториите имало луѓе, како и во собата на снимателот, каде постојано некој влегувал и излегувал. Но и тоа не го попречило. Од масата на која се наоѓал ранец со опрема за јавување во живо вредна 100.000 куни, ги украл вредните предмети и мобилен телефон”, вели Игор Ривети, уредник на „Каналот Ри“.

Снимките покажуваат дека Пухало, облечен во фармерки и бледожолта кошула, со чанта околу појасот, ја отвора вратата и влегува во редакцијата. Од снимките изгледа дека тој не е свесен дека има камери за надгледување кои го следеле секое негово движење. Благодарение на снимките и материјални траги што останале на местото на настанот, полицијата во Риека го идентификуваше сторителот наредниот ден. Тие беше пронајден во Пула.

Не се знае точниот број на кривични пријави поднесени против Пухало, но медиумите наведуваат дека станува збор за над 700.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико