Хрватскиот суд повторно одобри екстрадиција на Морина на Србија | Правдико

Правдико

   

Хрватскиот суд повторно одобри екстрадиција на Морина на Србија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Жупанскиот суд во Дубровник повторно одобри испорака на албанскиот државјанин Исмаил Морина на Србија, кој на фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија во 2014 година во Белград постави дрон со знамето на голема Албанија, а неговиот адвокат поднесе жалба.

Портпаролот на судот соопшти дека донеле ново решение со кое е утврдено оти се исполнети сите законски претпоставки за испорака на Морина на Република Србија. Тој додал и дека Морина и натаму се наоѓа во екстрадициски притвор во Дубровник. Адвокатот на Морина изјавил дека тој поднел жалба на новото решение на Врховниот суд на Хрватска и дека ја чека одлуката.

Хрватскиот Врховен суд на 10 август го укина првостепеното решение, со кое судот првобитно одобри екстрадиција на Морина на Србија, и тоа по службена должност поради важни повреди на одредбата на Законот за кривичната постапка.

Србија го бара Морина поради кривични дела предизвикување верска, расна и национална омраза. Против него е во тек истрага на Вишото обвинителство во Белград.

Извор: Макфакс

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико