И Хрватска со НСА има тајни договори за шпионирање
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Хрватска е една од државите со кои американската Национална агенција за безбедност (НСА) има тајни договори за шпионирање, покажуваат новите документи откриени од порашениот службеник во НСА, Едвард Сноуден, пренесува МИА
Тајни договори за шпионирање склучени се со 33 држави меѓу кои е и Хрватска, јавија хрватски медиуми.
Од европските држави, договори со НСА имаат Британија, Австрија, Белгија, Чешка, Унгарија, Македонија, Холандија, Данска, Финска, Франција, Норвешка, Германија, Полска, Грција, Италија, Романија, Шпанија и Шведска.
На американските шпиони договорите им овозможуваат да надгледуваат комуникација што се остварува преку оптички кабли на територија на тие држави.
Склучувањето на договорите е остварено во рамки на НСА програмата со назив РАМПАРТ. Во документите на НСА се вели дека во рамки на РАМПАРТ странските партнери обезбедуваат пристап до кабли и примаат американска опрема.
Сноуден изјави дека од сите неодамна објавени документи, податоците за РАМПАРТ претставуваат „скапоцен камен во круната“ во НСА и тоа е дел од огранокот на Агенцијата под назив Извор за специјални операции. Тајни договори за шпионирање склучени се со 33 држави меѓу кои е и Хрватска, јавија хрватски медиуми.
Од европските држави, договори со НСА имаат Британија, Австрија, Белгија, Чешка, Унгарија, Македонија, Холандија, Данска, Финска, Франција, Норвешка, Германија, Полска, Грција, Италија, Романија, Шпанија и Шведска.
На американските шпиони договорите им овозможуваат да надгледуваат комуникација што се остварува преку оптички кабли на територија на тие држави.
Склучувањето на договорите е остварено во рамки на НСА програмата со назив РАМПАРТ. Во документите на НСА се вели дека во рамки на РАМПАРТ странските партнери обезбедуваат пристап до кабли и примаат американска опрема.
Сноуден изјави дека од сите неодамна објавени документи, податоците за РАМПАРТ претставуваат „скапоцен камен во круната“ во НСА и тоа е дел од огранокот на Агенцијата под назив Извор за специјални операции.
Извор: Нова Македонија