И пратеникот Крсто Мукоски останува во притвор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Советот судии на Апелациониот суд во Скопје не ја прифати жалбата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, и го потврди решението на првостепениот суд, со кое му продолжена мерката притвор.
Апелациониот суд за жалбата на Мукоски расправаше на нејавна седница. За жалбите на Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Борис Дамовски сè уште нема одлука.
Претходно Апелациониот суд ги одби како неосновани и жалбите на другите притворени за настаните од 27 април во Собранието.
Извор: Макфакс