И Словенија не дозволува влез на бегалци, колку ќе останат во Македонија? | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

И Словенија не дозволува влез на бегалци, колку ќе останат во Македонија?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На воз со 1.800 бегалци, кој тргна од хрватскиот град Чаковец кон словенечкото место Средишќе об Драви, не му беше дозволен влез во Словенија, а бегалците, кои пеш го продолжија патот кон границата беа спречени да влезат со ограда од бодликава жица и од словенечката полиција со кучиња, пренесува МИА.

f37e64a5-0b53-4f99-8ca1-036ea4990162-5b6b4663-1fc3-4540-9f80-7ee8acb72009-migranti-10750

Со оглед на тоа што меѓу хрватските и словенечките власти не беше постигнат договор за влез на возот во Словенија, одлучено е возот, кој тргнал синоќа околу два часот по полноќ, да биде запрен на последната станица во Хрватска, во Мацинец, а остатокот од патот бегалците го продолжиле пеш, јави Хина.

Иако на патниците во возот им била понудена можност да побараат азил и да останат во Хрватска, сите го продолжиле патот пеш, по шините.

Словенечката полиција меѓутоа го дочекала приливот на бегалци со ограда од бодликава жица и кучиња и не ги пуштила на словенечка територија.

Бегалците од железничкиот премин се насочени кон околниот патен премин Трновец, но ни таму не им бил дозволен влез во Словенија.

Колку од бегалците ќе останат кај нас?

Унгарија претходно ја затвори границата со Хрватска, Хрватите ги препраќаат мигрантите кон Словенија, а тие пак до Австрија. Австрија пак отвори транзитна зона и ќе ги враќа назад тие што не се вистински азиланти.

Ако работите не се сменат многу мигранти ќе останат “заглавени“ во Србија и Македонија, иако тие земји не им се посакуваната дестинација.

Тоа за Македонија ќе значи сериозен хуманитарен и безбедносен проблем.

Германија, најпосакуваната дестинација, веќе го достигна максимумот за прием на мигрантите, а работите најмногу ќе зависат од Турција и колку таа ќе направи да го „успори“ движењето на мигрантите и секако Грција. На таа тема викендов во Турција, разговара и Меркел и Ердоган.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико