И стражарите се плашат да влезат во затворот „Алкакуз“ | Правдико

Правдико

   

И стражарите се плашат да влезат во затворот „Алкакуз“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

И стражарите се плашат да влезат во затворот „Алкакуз“ Повеќе од две години чуварите не смееле да влезат во затворските блокови во бразилскиот затвор „Алкакуз“, кој се најде во светските медиуми поради смртоносните нереди во кои животите ги загубиле 26 затвореници, а чуварите сѐ уште не воспоставиле целосна контрола. Државата ја загуби контролата. Ги загубивме сите згради каде што се затворениците.

Тие владеат и командуваат – рекла Вилма Батиста, чуварка во затворот и претседателка на синдикатот на затворски работници. Таа објаснила дека нередите и масакрите во затворите во Бразил се речиси нормална појава, а само оваа година загинале најмалку 130 затвореници. Според нејзините кажувања, чуварите не влегле во некои делови од затворот уште од март 2015 година. – Платите редовно им доцнат, а некои кули за надзор на затворениците се толку распаднати, што не смеат ни да влезат во нив.

Покрај тоа, само 12 чувари работат во затворот во кој се сместени повеќе од 1.500 затвореници. Дури ни локалните власти велат дека не можат да го спасат „Алкакуз“ – рекла Батиста. Според градските власти, планирано е да се уништи затворот и да се изградат три нови затвори во кои ќе се сместат затворениците Како што пишуваат бразилските медиуми, моментално е испратено засилување чија задача е да воспостави контрола над затворениците, но и пред нередите што се случиле на 14 јануари оваа година, затворениците бегале од ќелиите, а вратите ги претвориле во мачети. Стражарите само ги заклучувале одделенијата и бегале колку што можеле побрзо.

А по завршувањето на немирите, стражарите уште повеќе се повлекле и им го препуштиле целиот затвор на затворениците. Тие не можеле да влезат внатре дури ни за да ги спасат повредените, туку со јажиња им спуштале носилки и ги извлекувале повредените. – Блоковите во затворот се поделени помеѓу банди, како што е „нормално“ во бразилските затвори, бидејќи тогаш можат да распоредат свои стражари пред вратите, кои внимаваат некој да не се прикраде во текот на ноќта и да убие некој од затворениците – пишуваат бразилските медиуми, каде што е наведено и дека животот во овие затвори е неверојатно суров, а криминалните организации сѐ почесто војуваат поради воспоставување контрола во затворите каде што се сместени повеќе од 620 илјади лица.

Извор: Нова Македонија

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико