ИАЕСТЕ Македонија распишa надворешниот конкурс за аплицирање на стручни пракси
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.ИАЕСТЕ Македонија (Меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети) го распишува Надворешниот Конкурс 2017 за аплицирање на стручни пракси. ИАЕСТЕ им овозможува на студентите од техничките факултети при сите државни универзитити ширум државата, да заминат на платена стручна пракса во странство, која освен потребното работно искуство во компании и универзитети ширум светот, носи многу забава, стекнување вредни пријателства и запознавање со нови и интересни култури.
Би ни било од огромна корист и значење, доколку се одлучите да ја споделите оваа вест во рамките на вашата веб страна. Во прилог слики и текст кои би можеле да ги искористите.
Студентската организација ИАЕСТЕ Македонија го распишува Надворешниот Конкурс 2017 за аплицирање на платени стручни пракси во странство. Секој студент од техничките факултети, при државните универзитети има можност да конкурира и да биде прифатен за една од 46те најразлични пракси ширум светот. Првиот круг на конкурирање ќе трае од 20.02.2017 (понеделник) до 03.03.2017 (петок). Сите детали во врска со аплицирањето на пракса, потребните документи, како и самите пракси разгледајте ги на следниов линк. За новости поврзани со конкурсот следете нè на нашите официјални Facebook Fan Page страни IAESTE Macedonia & IAESTE LC Bitola.
Доколку имате прашања, контактирајте не на следната емаил адреса: outgoing.iaestemkd@gmail.com.