ИД од продажба на уметнички дела заработува и до 200 милиони долари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Исламската држава во Сирија и Ирак заработува меѓу 150 и 200 милиони долари од нелегалната трговија со уметнички дела, антиквитети и археолошките богатства, изјави рускиот постојан претставник во ОН, Витали Чуркин, во писмо до Советот за безбедност.
“Околу 100.000 културни објекти од светско значење, вклучувајќи 4.500 археолошки локалитети, од кои има вкупно девет на листата на светско наследство, се под контрола на Исламската држава во Сирија и во Ирак”, напиша Чуркин.
Чуркин истакна дека овие антиквитети најчесто се шверцуваат преку територијата на Турција, пренесува Ројтерс.
“Главниот центар за шверц на културното наследство е турскиот град Газиантеп, каде украдените предмети се продаваат на нелегални аукции, а потоа преку мрежа на антикварници и на локалниот пазар”, рече Чуркин.
Според него, накит, монети и други ограбени предмети се пренесуваат во турскиот град Измир, Мерсин и Анталија, каде криминалните групи прикажуваат лажни документи за нивното потекло.