ИД повторно му се заканува на Балканот со сечење глави
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Терористичка организација Исламска држава продолжува да им се заканува на земјите од Балканот. Во последното издание на списанието Румија (Rumiyah), пропагандистите на терористичката група ги повикуваат своите симпатизери да ги убиваат „шејховите на тавагитот“ (сѐ што се обожава освен Алах, што симпатизерите на идеологијата го користат за оправдување на убиствата на невини луѓе). Тие ги повикаа своите симпатизери на Балканот да се угледаат на „браќата од Истокот и Западот“.
Покрај текстот се објавени фотографии на лидерите на Исламската заедница на БиХ, кои се опишани како „отпадници од исламот“, и се истакнува дека „убивањето на отпадниците е подраго и поважно од убивањето на вистинските неверници“.
„Исечете им ги главите на отпадниците од верата, пред сѐ на муфтиите, бидејќи нема ништо поголемо и повредно кај Алах од тоа да ги убивате оние што ја менуваат неговата вера, кои сакаат исламот да биде уништен однатре“, се вели во пораката на ИД.
„Ништо не ве спречува да ги убивате и нивните тела да ги распарчувате со експлозивни направи и да ги напаѓате нивните домови, да ги убивате пред нивните деца и нивните жени… Пролејте ја нивната валкана крв и нека тече по улиците на Балканот“, пишува, меѓу другото, во поголемиот текст со наслов „Ако се вратите, и ние ќе се вратиме“.
Извор: Макфакс