Идентификуван и вториот напаѓач во француската црква | Правдико

Правдико

   

Идентификуван и вториот напаѓач во француската црква

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Француската полиција успеа да го идентификува и вториот напаѓач во црквата во северниот дел на Франција пред два дена.

160726-france-church-attack-02

Тоа е 19-годишниот Абдел-Малик Набил Петижан, кој е роден во гратче во источниот дел на Франција, во близина на границата со Германија. Тој се наоѓал на списокот на осомничени, кои се поврзани со исламски екстремисти и кои претставувале закана за националната безбедност на Франција.

Безбедносните служби во јуни отвориле досие за Петижан, во кое се наведува дека тој почнал да се радикализира.

Според Владата, во Франција има околу 10.500 такви луѓе.

Петижан и неговиот претходно идентификуван соучесник Адел Кермиш, исто така 19-годишен, во вторникот зедоа заложници во католичка црква во Нормандија за време на утринска литургија и го убија свештеникот, а еден заложник биеше тешко повреден. Во полициската акција за ослободување на заложниците двајцата терористи беа убиени.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико