Иџет Мемети: Надоместокот за трето дете не го подобрува животниот стандард
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Народниот правобранител поднесе Иницијатива за изготвување предлог за изменување и дополнување на одредбите од Законот за заштита на децата. Според него, постои нееднаквост и правна несигурност бидејќи само мајката може да го оствари правото за надоместокот на трето дете.
„Констатиравме дека во случаи кога се има трето дете, барање за родителски додаток за трето дете може да поднесе само мајката, што значи се дава приоритет на едниот родител. Тоа значи дека таткото не е еднаков со мајката. Притоа не се води сметка за целта на давањето на наведениот паричен надоместок, односно подобрување на животниот стандард на семејството кое има трето дете“, велат од кај народниот правобранител.
Според нив, се доведува под прашалник основноста и оправданоста на ваквото законско решение кое ги ограничува пристапот и остварувањето на ова право на двајцата родители. Тие додаваат дека законските одредби се во спротивност и со принципите на правичност, хуманизам и солидарност како темели на вредности на Република Македонија.
„На пример, ако жената не врши редовни гинеколошки прегледи, тогаш таа нема да може да го оствари правото на надоместок за трето дете. Лицата кои се борат за егзистенција и нивните деца не можат да ги испратат во училиште исто така се ограничени и остануваат без ова право“, велат од кај народниот правобранител.
Тие наведоа случај каде еднаш правото за надоместок било овозможено, а кога барале продолжување нивното право престанало.
„Семејство со три деца, каде две од нив имаат оштетен вид. Детето не одело на училиште. Родителите се без образование. Тие поднеле барање за добивање на ова право, но биле одбиени бидејќи не исполнувале еден од условите. Во анализата што ја направивме, констатиравме дека пред да ѝ престане правото не ја информирале за условите туку само за документацијата што треба да ја достави. Мајката го запишала детето една година подоцна, а МТСП ѝ го доставило решението за престанок истата година, со тоа родителката го пропуштила рокот за да го исполни и овој услов“, наведуваат од кај народниот правобранител Иџет Мемети.
Од таму велат дека ова е само еден пример дека отсуствува комуникација меѓу социјалните работници и граѓаните. Народниот правобранител оценил дека треба да се надминат ваквите состојби и да се постигне доследно почитување на Уставот и правото на надоместок за трето дете на родителите на подеднавка основа.
Извор: Макфакс