Игор Југ излезе од Шутка, однесен на распит во обвинителството и судот | Правдико

Правдико

   

Игор Југ излезе од Шутка, однесен на распит во обвинителството и судот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинетиот за насилствата во Собранието на 27 април, Игор Југ, вчера излегол од притвор, потврди за „Макфакс“ директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ. Како што посочи директорот, Југ вчера излегол од истражниот затвор во Шутка, но веднаш потоа бил повикан на распит во обвинителството и во судот.

Извори за „Макфакс“ неофицијално тврдат дека Југ е повторно вратен во притвор околу 5 часот наутро, но овој пат за друго кривично дело, односно за недозволено поседување оружје. Тој е обвинет за сторено кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

Основното јавно обвинителство Скопје ја прошири истрагата за еден од осомничените за случувањата во Собранието. Вчера до судија на претходна постапка поднело предлог за определување на мерката Притвор за осомничениот по сите основи и тоа: поради постоење на опасност од бегство, попречување на истрагата и можност за повторување на кривичното дело.

Предлогот е поднесен бидејќи од досега прибавените докази од страна на Основното јавно обвинителство – Скопје произлезе дека покрај за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 од Кривичниот законик, постои основано сомнение дека осомничениот преземал дејства како водач на толпа во врска со случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април годинава.

Поради тоа, надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка и за кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл.385 ст.3 од Кривичниот законик, за кое дело пропишана е казна затвор од една до 10 години.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико