ИЈЗ: Расте бројот на заразени, најчести лицата од 30 до 39 години
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека според анализата на на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 19 до 25 октомври, се тестирани вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на Ковид-19, зголемување од (5,9%) во однос на минатата недела.
Според извештајот, само за таа недела регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува зголемување од 27,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39.
„Пријавени се 84 смртни случаи од 24 градови, зголемување од 71,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 20 во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 45 или 53,6%“, се наведува во неделниот извештај на ИЈЗ.
Извор: Радио Слободна Европа