„Икеа“ ќе плати 46 милиони долари отштета откако шкаф усмрти двегодишно дете
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.„Икеа“ ќе плати 46 милиони долари отштета откако двегодишно дете загина под паднат шкаф. Шведскиот гигант за производство на мебел „Икеа“ се согласи да му ги исплати средствата на семејството чие дете почина откако врз него паднал шкафот.
Двегодишниот Јозеф Дудек се задушил во 2017 година, кога шкафот произведен од оваа фирма го поклопил во неговиот дом во Калифорнија. Мебелот тежок 32 килограми и висок 76 сантиметри една година претходно бил повлечен од продажба од безбедносни причини откако загинале три други деца.
Според адвокатите, тоа е најголемата нагодба за смрт на дете во историјата на САД.
Извор: Макфакс