Илбер Села именуван за директор на Агенцијата за спроведување на Законот за јазиците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Владата вчера на седница го именува Илбер Села за директор на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците.
„Именувањето е извршено во согласност со законските прописи, а конкурсот за избор за директор на Агенцијата е отпочнат и завршен пред распишување на претседателските избори“, велат од Владата.
Законот за јазици стапи на сила во јануари. Со ова, покрај македонскиот, во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт. Законот ги обврзува судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции, да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.
Извор: Макфакс