Правдико

   

Илиевски, Дамовски и Јовановски амнестирани за 27 април

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 Скопје по издадено позитивно мислење од страна на јавното обвинителтво одлучи да ги помилува организаторите на Иницијативата „За заедничка Македонија“ – Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски.

„Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по доставени барања во врска со Законот за амнестија на настаните од 27-ми април 2017 година во Собранието на Р.Македонија, а по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, донесе решенија со кои ги уважи барањата на Б.И., В.Ј. и Б.Д. опфатени во предметот со КОК бр. 40/18“, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Останите барања за кои од обвинителството е добиено негативно мислење советот донесе решенија со кои истите се одбиваат како неосновани. За сите решенија, согласно Законот, обвинетите имаат право на жалба во рок од 3 дена до повисокиот суд.

„Сите останати барања, во одделот Кирвично полнометни, се во фаза на одлучување и во Законски утврдениот рок ќе бидат донесени решенија кои ќе бидат доставени до странките, а јавноста ќе биде благовремено известена“, наведуваат од судот.

Покрај Илиевски, Дамовски и Јовановски, како организатор на протестите беше посочен и оперскиот пејач Игор Дурловски, но тој не поднесе барање за амнестија во дадениот рок.

Обвинетите чии барања за аменстија ќе бидат одбиени имаат рок од 3 дена за жалба до Апелациониот суд.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико