Им дошле дома вооружени со метални прачки и ножови и ги претепале
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Десетина непознати лица вооружени со метални прачки и ножови затропале на вратата на семејство во Струга, при што ги претепале мажот, жената и бабата.
Како што соопшти полицијата, во понеделникот, околу 22 во Струга, на ул. „Црн Дрим“ лицето М.А., нејзиниот сопруг Е.А. и нејзината свекрва З.А.. во својот дом, физички биле нападнати од Ф.Н. и околу десетина други непознати лица.
Додека М.А., Е.А., З.А., и нејзините четири деца гледале телевизија, слушнале дека некој тропа на вратата. М.А. отишла да ја отвори вратата каде стоел Ф.Н. со непознатите лица, кои во рацете држеле ножеви, метални шипки и други предмети. Во тој момент Ф.Н. без повод и причина ја удрил М.А. со шлаканица и тупаница во пределот на лицето и телото, а потоа заедно со останатите лица влегле внатре каде ги нападнале З.А. и Е.А..
По кратко време сите учесници продолжиле да се тепаат во дворот пред куќата, каде Ф.Н. со метална шипка го удрил Е.А. во пределот на главата кој паднал во безсознание.
Дел од учесниците биле префрлени во Медицински центар, каде им биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс