Им се заканувал со убиство на службениците кои му ја укинале социјалната помош
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вработена во Центарот за социјални работи во Скопје на 16 месецов пријавила дека од декември минатата година лицето Д.К. (58) ѝ упатувало закани по животот.
Образложила дека причината за тоа била што на Д.К. му била укината социјалната парична помош откако во Центарот за социјални работи било утврдено дека документите кои тој ги приложувал биле фалсификувани. Исто така, Д.К. упатувал закани по живот и на нејзина колешка.
Пријавителката посочила дека Д.К. подолг период ги вознемирувал вработените, но во последно време зачестиле заканите по нивните животи. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Извор: Макфакс