Има 53 нерешени случаи на насилство врз новинари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.
Тие се согласија дека медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество и затоа мора да се преземат мерки за зголемување на безбедноста на медиумските работници.
„Соговорниците разговараа за проблемот со 53 нерешени случаи на насилство врз новинарите. Министерот Спасовски го информира Селмани дека Министерството за внатрешни работи изработи анализа со цел прецизно да се утврди на кое ниво се истрагите за овие случаи“, соопшти МВР.
Најголем проблем, велат од МВР, претставува тоа што во одредени предмети се пропуштени дејства и постапки кои требало да бидат преземени во кратки временски интервали за да се добијат валидни резултати.
Но, како што објасни министерот Спасовски, сега оперативните истражни дејства во МВР се интензивирани и во наредниот период ќе бидат презентирани конкретните резултати.
Селмани истакна дека медиумските претставници во неколку случаи имале проблеми и со полициските службеници, па со цел да се избегнат вакви проблеми во иднина ќе бидат преземени соодветни активности.
Извор: Макфакс