Има кривични предмети што се решаваат и за половина ден | Правдико

Правдико

   

Има кривични предмети што се решаваат и за половина ден

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За разлика од макотрпни 17 години судење за двојно убиство и 18 години за стечајна постапка, кои сѐ уште немаат епилог, минатава година во кривичниот суд во Скопје единаесет предмети траеле еден ден, а 27 пак не се задржале ни толку во судските сали.

sud-vnatre

Судска ефикасност

Скопските основни судови имаат предмети што чекаат завршница повеќе од 17 години, а наспроти овие црни рекорди постојат и експресно решени случаи од кривичното судство што успеале дури 27 предмети да не траат ниту еден ден, а пак за цели 24 часа биле решени во целост други 11 предмети. Ова го говори судската статистика од Основниот суд Скопје 1 за годината што измина

Кратките предмети ако се признае вина

Најкратките судски процеси во кривичниот суд минатата година кои не траеле ниту 24 часа поради признание на вина, биле вкупно 27. Цел еден работен ден бил доволен за пресуда во 11 предмети. Следуваат девет предмети за чие поединечно решавање биле потребни два дена и 21 предмет што биле пресудени за три дена. Најдолгиот процес што бил примен и завршен годинава во кривичниот суд траел десет месеци и станува збор за приватна тужба каде што двајца обвинети што се товарат за телесна повреда се осудени со условна осуда. Судот им наложи и на приватниот тужител да му надоместат и 120 илјади денари. Овде станува збор за сообраќајна несреќа што се случила во центарот на Скопје, каде што обвинетите со тупаници го нападнале тужителот. Дополнително, во судот лани биле изречени и пет доживотни казни.
– Доживотни затворски казни се изречени во два предмета од Одделот за организиран криминал, на две лица во предметот наречен „Детонатор“ и на шест лица првостепено осудени за случајот „Монструм“. Имено, освен предмети од организиран криминал, во 2014 година се изречени и три доживотни затворски казни за првообвинетите во случајот „Ровер“ – велат од кривичниот суд.

Ослободен обвинетиот за двојно убиство

Предметот за двојното убиство што трае повеќе од 17 години дури сега се ближи кон крајот, а одолжувањето се должело на технички и суштински моменти и пропусти. Деновиве предметот третпат се враќа во апелацискиот суд, откако кривичниот суд му пресуди ослободителна одлука на обвинетиот убиец бидејќи кривичното дело било извршено во состојба на непресметливост.
– Според лекарскиот наод и мислење од судски медицински одбор при Медицинскиот факултет-Скопје од 17.7.2000 година, обвинетиот го сторил кривичното дело во состојба на непресметливост. Претходно, од страна на апелацискиот суд во Скопје се донесени две пресуди преку кои предметот се враќал на повторно одлучување, со образложение дека во првостепените осудителни пресуди не било земено предвид медицинското вештачење за психофизичката состојба на обвинетиот – информираат од Кривичниот суд.

Идентитетот на починатите не се открива, а ниту врската со обвинетиот. Двојното убиство се случило во октомври 1997 година, а обвинителниот акт бил напишан два месеца потоа. По три месеци почнува судењето, а по пет години се запира кривична постапка против четворица од обвинетите што се товареле за учество во тепачка. Првата пресуда е донесена во 2006 година, со која обвинетиот А.Р. е осуден на осум години затвор. Апелација ја укинува оваа одлука и предметот повторно се враќа во кривичниот суд, кога и почнуваат проблемите, така што не се појавуваат сведоците, вештото лице, бранителот, а и обвинителот. Во 2011 година е објавена втората пресуда, со која обвинетиот е осуден на шест години затворска казна. Апелацискиот суд ја враќа и оваа постапка назад, по што кривичниот суд носи ослободителна пресуда. Повторно оваа пресуда е во рацете на апелацискиот суд.

Најзастапени паричните тужења

– Во Основниот суд Скопје 2 најзастапени се тужбите со предлог за издавање платен налог помеѓу физички и правни лица, чиј број на поднесени тужби во текот на 2014 година изнесува 3.546 заведени предмети, а исто така и тужби со предлог за издавање платен налог помеѓу правни лица, за кои во овој суд има оформено 3.107 предмети – информираат од граѓанскиот суд.
Понатаму, следните најмногубројни спорови се за тужби каде што предмет на тужбено барање е долг или надомест на штета, чија вредност е мала. Во судот се заведени 2.108 вакви предмети. Потоа следуваат тужбите произлезени од облигациски односи, кои биле присутни во 2.047 спора. Дополнително, изминатата година се поднесени 1.396 семејни тужби, кои најчесто се од областа на разводите, издржување деца, заеднички имот стекнат во брак и семејно насилство.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико