Има ли електронскиот попис врска со чистењето на избирачкиот список? | Правдико

Правдико

   

Има ли електронскиот попис врска со чистењето на избирачкиот список?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

0,,16852067_303,00Според едни, електронски попис не може да даде биометриски гаранции за избори, според други, дури и да се спроведе тој нема да стигне да биде во функција на изборниот процес.

Нема никаков одговор ниту објаснување од Владата на реакцијата на 46 граѓански организации и иницијативи, кои изразија несогласување со намерата соопштена од премиерот Никола Груевски, Владата да спроведе електронски попис на населението. За таа цел, како што најави премиерот, до крајот на годината ќе биде набавен софтвер кој ќе овозможи електронско поврзување на матичните евиденции. Околу 70 проценти од одговорите би биле обезбедени преку електронско поврзување на матичните евиденции, а 30 проценти теренски, со прашања до граѓаните. За делот кој треба да биде теренски реализиран, исто така се прават одредени подготовки.

„Ги правиме сите напори да спроведеме попис според највисоки меѓународни стандарди, попис што нема да влее сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин или партија“, рече Груевски.

Клучната работа, според премиерот, е да се набави т.н. фингерпринт за електронска проверка на биометриските податоци на тој што треба да се попише, за да се потврди дали навистина е во земјата и дали тој одговорил на прашањето или некој друг.

Ваквата најава предизвика многу прашања, пред се, сомнеж дали податоците од ваквата операција треба да послужат и за планираното прочистување или создавање нов избирачки список. Од опозицијата не знаат какви се намерите на Владата.

„Пописот не беше тема на Договорот. Тоа е комплексна статистичка операција која не може да се подготви и реализира до изборите во април. Избирачкиот список ќе се средува во друга постапка“, велат високи извори од СДСМ.

Владата должи одговор и за минатиот попис!

Граѓанските организации сметаат дека планираното решение не ги задоволува критериумите за спроведување реален попис според меѓународните стандарди, а актуелната владина коалиција нема ни легитимитет да го спроведе.

„Таа сè уште не даде никаков отчет за причините поради кои пропадна пописот во 2011 година и не презеде никаква одговорност за тоа големо и сериозно промашување. Груевски излезе во јавноста со тврдење дека Владата спречила фалсификат, но до денес ниту надлежните институции презедоа нешто, ниту некој одговараше за обид за фалсификат на пописот. Граѓаните не само што не знаат зошто пропадна пописот, не знаат ни колку милиони евра се одлеаја од државниот буџет за оваа пропадната операција. Единствено што беше јасно е дека причините за неуспешноста на пописот не се технички, туку имаат длабока политичка заднина“, беше речено во ракцијата на 46 граѓански организации и иницијативи.

Поради фактот дека најавата за електронски попис доаѓа во моментот кога започна спроведувањето на договорот од 2 јуни, според нив, се наметнува заклучокот дека тоа е пропагандистички обид на Груевски да го одвлече вниманието на јавноста од главните приоритети.

„Ние и понатаму остануваме доследни на нашето залагање за што е можно побрзо реализирање на пописот, но тоа мора да биде направено од влада која ќе биде избрана на демократски и фер избори и која ќе изгради политичка волја за пребројување на населението според сите меѓународни стандарди и прописи“, порачаа 46 организации.

Во Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, кој е еден од потписниците на реакцијата, потврдуваат дека не добиле одговор или објаснување од Владата по реакцијата за најавениот попис.

„До денес нема официјална или каква било друга рекација од на власта. Но, веднаш по објавувањето на нашата реакција, следеше еткетирање на невладините организации во провладините медиуми. Во познатиот манир, власта преку своите медиуми, се обидува да ги дискредитира невладините организации кои ги критикуваат владините политики и да ги претстави како одработувачи на Сорос и СДСМ, без притоа да даде соодветен одговор на причините поради кои дел од невладиниот сектор реагираше за најавениот попис. Што се однесува до електронскиот модел за прочистување на избирачкиот список, ставот е дека тој не може да даде соодветна гаранција за посакуваниот исход. Според стручната јавност и компаративните искуства во оваа област, прочистувањето на избирачкиот список најсоодветно би бил постигнат со примена на т.н. биометриски модел, односно отпечаток за идентификација. Само на таков начин би се создале услови за спроведување на изборен процес на легитимен начин“, вели Уранија Пировска, претседател на ХК.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор:  Deutsche Welle

Препорачуваме

Партнери на Правдико