IN MEMORIAM – Сотир Главинче
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 88 годишна возраст во Битола почина Сотир Главинче, доајен на македонската адвокатура, поранешен претседател на Адвокатската комора на Македонија во три манадати (1972-1974, 1981-1982 и 1983-1985г.) и Претседател на Адвокатската комора на Југославија. Во тоа својство во 1972г. ја води првата официјална делегација на југословенската адвокатура во странство, во Полска. Беше прв претседател на Основната адвокатска комора на Битола и Адвокатската заедница Битола.
Активен адвокат беше од 1966г. до 2009г. Претходно беше судија во Прилеп и Битола.
Беше член на првиот состав на Претседателството на АК по осамостојувањето на Република Македонија во (1991 – 1994г), и член на Советот на АКРМ. Во 1995г. е избран за член на работната комисија за донесување на првиот Кривичен законик на РМ. Во 2010г. беше прогласен за прв почесен член на „Ротари клуб“ Битола. Добитник е на Орден на трудот со сребрен венец од Претседателот на СФРЈ (1969г.), Орден за заслуга за народ со златна ѕвезда од Претседателот на СФРЈ (1977г.), Орден на трудот со златен венец од Претседателството на СФРЈ (1982г.), Плакета за особени заслуги и постигнати резултати во развојот и напредокот на македонската адвокатура (1980г.), Бронзена плакета од Адвокатската комора на Р.Австрија (1981г.), признание за активно вршење на адвокатска дејност од 39 години (2006г.), Златна плакета од Сојузот на здруженијата на возачи на Р.Македонија (2006г.). Во 2013г. ја доби наградата за животно дело на „Битолски весник“, а во 2014г. големото признание LItteras Honoris на Копаоничката школа за природно право, Р.Србија. Автор е на повеќе стручни и научни трудови и коавтор на книгата „Адвокатурата и адвокатите во Битола“ (2011). Како адвокат бранел и застапувал во значајни случаи ширум Македонија и Југославија и се истакнал како голем борец за слободата и човековите права.
Извор: Адвокатска комора на РМ