Правдико

   

Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во октомври 2015 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.8.

dzs

Индексот на трошоците на животот во октомври 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.3%, конзервираната риба за 1.1%, тестенините и другите неспоменати прехранбени производи за 1.0%, мастите и маснотиите за 0.9%, свежото млеко за 0.4%, преработките од млеко за 0.3%, месото и полутрајните колбасичарски производи за 0.2%.

Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот во октомври 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај обувките за 4.0%, цврстите горива и мебелот за 3.0%, гасот за домаќинствата и течните горива за домаќинствата за 2.6%, лековите за 2.1%, туристичките пакет-аранжмани за 1.9%, накитот и часовниците за 0.7%, друго образование за 0.6%, течните горива и мазива за 0.4%, услугите за одржување и поправки на станот за 0.3%.

Намалување на индексите е забележано кај свежото овошје за 8.7%, свежиот зеленчук за 0.8% и сувото овошје за 0.5%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај авионскиот превоз на патници за 11.4%, велосипедите за 1.6%, облеката за 0.9%, средствата за чистење и одржување на станот за 0.7%, информатичката опрема за 0.6%, материјали за одржување и поправки на станот за 0.5%.

Индексот на трошоците на животот во октомври 2015 година, во споредба со октомври 2014 година, бележи намалување за 0.5%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.2%.

Целосниот извештај погледнете го тука

Партнери на Правдико