Правдико

   

Индија го одобри воведувањето на смртната казна за силувачите

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Властите во Индија ја одобрија смртната казна за осудени лица кои силувале девојчиња на возраст под 12 години.

По серијата случаи на сексуално насилство што предизвикаа бес низ целата земја, премиерот Нарендра Моди свика итен состанок на кој ја одобри одлуката за измена на кривичниот закон и воведување построга казна за осудените силувачи на девојчиња на возраст под 16 години.

Индија има сериозен проблем со сексуалното насилство врз жените. Во оваа земја, која има повеќе од една милијарда жители, едно силување се случува на секои 20 минути. Посилна борба за правата на жените започна по познатиот случај пред неколку години, кога едно 23-годишно девојче почина од групно силување.

Партнери на Правдико