Индијци и Пакистанци со пиштоли и стапови нападнале и ограбиле мигранти на Табановце | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Индијци и Пакистанци со пиштоли и стапови нападнале и ограбиле мигранти на Табановце

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца Индијци и двајца Пакистанци вооружени со пиштол, стапови и палки нападнале други мигранти кои се движеле пеш во близина на Табановце. Тие ги ограбиле, одземајќи им пари и мобилни телефони.

Основното јавно обвинителство Куманово за нив донесе наредба за спроведување истражна постапка. Јавниот обвинител за осомничените, од кои двајца се државјани на Република Индија, останатите на Исламска Република Пакистан, поднесе предлог за определување на мерката притвор до надлежниот суд.

„ На 4 јуни 2021 година, околу 21:00 часот, во близина на Транзитниот центар Табановце, во состав на група од околу дваесет лица со употреба на сила, опасно орудие и огнено оружје, осомничените одзеле туѓи подвижни предмети од други лица со намера противправно да ги присвојат. Имено, додека три лица – оштетени се движеле пеш во близина на транзитниот центар Табановце со намера да ја преминат границата кон Република Србија, биле нападнати од група од околу дваесeт лица, меѓу кои биле и осомничените. Притоа еден од осомничените во рацете држел пиштол марка ‘зораки-М 906-Т’, додека останатите во рацете држеле стапови и палки, а на појасите имале и ножеви. Кога ги запреле оштетените, еден од осомничените започнал да им издава наредби на останатите, велејќи им ‘удри’, ‘земи им ги парите и телефоните’, ‘пукај’, при што осомничените лица започнале со напад и при тоа им задале повеќе удари со стапови и палки на оштетените во предел на главите и телата, а биле испукани и два истрела во земја. При нападот од оштетените биле одземени по 50 евра или 200 евра, како и мобилните телефони, при што им биле нанесени и повеќе лесни и тешки телесни повреди“, соопшти обвинителството. ​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико